Премин 26 е проект кој ја брише границата меѓу жанровите. „Звукот, светлината и тишината се испреплетуваат во искуство што не се слуша само со уши, туку се прима со срце“, велат организаторите на настанот. Ова е здружен проект на Културен и информативен центар Битола со НУ Народен театар Битола, НУ Центар за култура, со поддршка на Општина Битола и манифестира организациски и продукциски капацитети на културните установи во Битола.
Музичкиот проект е на Оливер Јосифовски кој е и учесник, а покрај него и: Вера Милошевска, Димитар Андоновски, Православен хор Св. Ангел Битолски, Давор Јордановски, Михајло Михајловски, Христијан Јаневски, Андреј Трајковски, Александар Секуловски, Ристо Крстевски.
*Билетите се бесплатни, со претходна резервација на: 075 783 124.
Настанот ќе се одржи е во понеделник на 13-ти април, на големата сцена на Народниот театар Битола со почеток од 20:00 часот.

