Народниот театар од Лесковац ја започна новата театарска сезона со премиерата на претставата „Аудиција“, на современиот руски писател Александар Галин, а во режија на Андреј Цветановски. Оваа горчлива комедија зборува за група жени од различни возрасти, интелектуални и социјални статуси кои се обидуваат да се извлечат од бедата на руската провинција со пријавување на конкурс за работа во ноќни клубови на Далечниот Исток.
Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Ивана Ристиќ, музиката на Димитар Андоновски и светлото на Радомир Стаменковиќ.
Во претставата играат: Маја Јанковиќ, Мина Цоциќ, Сузана Грујиќ, Тања Крчмарик, Петра Димитријевиќ, Наташа Пејиќ, Александар Михаиловиќ к.г., Филип Радивојевиќ, Иван Јанковиќ и Предраг Смиљковиќ.
„Аудиција“ е текст за транзицијата, за времето меѓу два системи и тој премин од едно во друго време. Преминот од еден во друг систем е тежок, токму поради луѓето кои живееле во стариот систем и не можат да ги прифатат другите вредности што ги носи новиот систем“, истакна Цветановски и додава: „Во тој случај луѓето размислуваат за заминување. Претставата „Аудиција“ е токму за тоа, за одлуката за заминување. Да се оди на подобро место, кое им овозможува на луѓето подобар живот. Но, тоа е она што го барате кога заминувате да ги спакувате сите ваши работи, сите ваши соништа, желби и амбиции во еден куфер. Но, дали можат да се вклопат во тој куфер?“.
Оваа година тој ја постави „Дон Жуан“ на Молиер во Вршац, во театарот „Стерија“, со која премиера театарот во Вршац го одбележа и својот 78- ми роденден,а минатата година ја постави „Домот на Бернарда Алба“ токму на сцената на театарот во Лесковац, а пред тоа и „Идиот“ од Достоевски во продукција на Новосадско позориште.