Home » Премиера на балетски диптих во ХНК Загреб со музика на Марјан Неќак

Премиера на балетски диптих во ХНК Загреб со музика на Марјан Неќак

by culturalchat

Балетскиот диптих на двајца уметници, Вејн Мекгрегор и Масимилијано Волпини, беше премирно изведен во Хрватскиот народен театар во Загреб. Се работи за  за претставата Dyad 1929 / Светлина низ прстите, која обединува двајца кореографи кои негуваат различни уметнички изрази. Македонскиот композитор Марјан Неќак го обликува овој балет заедно со кореографот Волпини. На премиерата присуствуваше и хрватската министерка за култура Нина Обуљен Коржинек. „Со Масимилијано се обидовме да ги претставиме исконските човечки дејствија со современ танцов јазик и инстинктивните реакции на различни животни ситуации интегрирани во денешницата во која се соочуваме со вештачка интелигенција“, ни изјави Неќак и додаде:„Прашањето е дали можеме да направиме рамнотежа помеѓу нашата основна човечка природа и новиот развој на општеството, т.е. новата еволуција што не чека. Музиката е тешко да се опише со зборови но само ќе споменам дека пишувањето музиката за балет ми е големо задоволство“.Стилски овој пат Неќак се обиде да патува низ неокласицизмот, Industrial Tehno, современата филмска музика и на крајот се враќа во класичната форма. „Секако би напоменал дека повторно соработував со Климент Тодоровски – кој е концерт мастор во Македонската опера и балет кој ги одсвири виолинските соло делници во балетот“, рече Марјан.

Совладувањето на уникатниот стил на движење на еден од најголемите кореографи на денешницата, Мекгрегор, беше голем предизвик кој балетскиот ансамбл го усоврши, што го докажаа на премиерата, а публиката ја поздрави со громогласен аплауз и овации. Во вториот дел од балетскиот диптих публиката проследи емотивно патување низ психата на жената, надополнето токму  со моќната музика на Марјан Неќак.Вејн Мек Грегор, еден од најзначајните кореографи на денешницата, го потпишува концептот, режијата и кореографијата на претставата која е инспирирана од познатата балетска трупа Балетс Русес, на Сергеј Дјагилев,  нивната иновација и придонес во уметноста во поширок контекст. Токму оваа претстава е посветена на 100 годишнината од нивното основање, кои делуваа од 1909 до 1929.  Претставата „Дијад 1909“ беше изведена во Лондон, а „Dyad 1929“. 21 август 2009 година во Државниот театар во Мелбурн.  Волпини, италијанскиот кореограф и директор на балетот ХНК во Загреб, го претстави балетското патување во женската психа користејќи апстрактен, но во исто време емотивен јазик во ненаративна кореографија. Инспирацијата ја нашол во песната на индискиот поет Тагоре, „Трпение“: „Ако не зборуваш, ќе го исполнам срцето со твојата тишина и ќе го поднесам тоа“. Жената, отелотворена во премиерната изведба на Наталија Косовац, „мора да навлезе во длабочините на нејзината душа и да ги погледне одблизу тие непријателски духови“, а мажот, изведба на Павел Савин, кој ја сака, сака да ја спаси од шумата на духови и однесете ја на место каде што се појавува светлина.Kaко сенски настапија: Луција Радиќ Палинко, Атина Тановиќ, Дора Блаиќ, Озана Мирковиќ Блокар, Лада Рора, Таигуара Гуларт, Матиа Бакон, Рафаел Џон Триоли, Вид Вугринец, Марио Дилигенте, Јухо Јошиока и Арнау Веласкез Родригез. Волпини е автор и на видео проекциите, сценографија е Ерика Карета, а дизајнер на светло Милан Ковачевиќ.

 

Related Articles