Home » Празникот на детската песна -се одржа 27-то издание на Си-До

Празникот на детската песна -се одржа 27-то издание на Си-До

by culturalchat

Со препознатливата за сите генерации песничка „Си до, до ре ми“, започна и годинешното 27-мо по ред издание на детскиот фестивал Си-До. Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите. Директорот на фестивалот Дарко Шерденков задоволен од годинешното издание.

„Овој прекрасен настан кој е белег на градот Битола, еден бренд е дел од детската култура, низ кој поминале многу генерации. Секој наш граѓанин има некаков дел и бил дел од овој фестивал“, истакна Шерденков.

Сите фестивалски програми во Центарот за култура беа максимално посетени и оваа година се почувствува детската насмевка, препознатливата еуфорија која е карактеристична за нашиот град за време на фестивалот. На годинешното издание беа изведени 19 нови песни, од кои и од гости од соседните држави кои го збогатија репертоарот.

Песните беа од различни жанрови, а децата кои настапуваа беа од различни возрасни групи. На сцената беше и Си-До детскиот хор, кловнот Заги, танцовите групи на Expose и Step up и водителката која долги години е дел од Си До, Маја Андоновска Илијевски.

Во сите изминати години, продефилираа над стотина деца годишно како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор. Годинешното издание на Си До се одржа под мотото „27 години пееме заедно“. Сите генерации се собраа на едно место, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца во салата на Центар за култура Битола. Повторно одекна детскиот џагор и детската песна во Битола. Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и  Општина Битола.

Фотографии: Тера телевизија.

 

Related Articles