Меѓународниот натпревар по пијано ПИЈАНОФЕСТ 2022 ќе се одржи во периодот 10- 12 јуни 2022 година. Оваа година по 4 ти пат ќе биде реализиран овој успешен натпревар и ќе испише нова страница од своето постоење. Имено ќе се одржи во Палатата на културата – Офицерскиот Дом – Битола, во една од најубавите и најакустични сала во Р.Македонија и пошироко, а учесниците ќе ги изведуваат композициите на прекрасното концертно пијано “Bosendorfer”, кое недоамна беше префрлено од Битолскиот Завод и Музеј.
Пријавените ќе се натпреваруваат во Пијано соло и Пијано дуо, во 12 категории (6-22), односно ученици од основно музичко, средно и студенти од Факултет.
Реномирана жири комисија и оваа година во состав: Дино Имери, Драгомир Братиќ, Љилјана Вукеља и Кристина Петролари.
„ Нашите очекувања се како и минатите изданија на натпреварот, исто така и оваа година да имаме многу натпреварувачи од различни земји, како и изминатите години кога имавме околу 150 натпреварувачи од 19 различни земји “- истакнуваат организаторите на натпреварот Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска, кои што раководат со здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО кое што е и организатор на целиот настан.
Тие исто така истакнуваат дека на натпреварот ќе биде доделена и парична награда за лауреатот на натпреварот, со што би се дало еден вид на поддршка на младите музички таленти кои само што зачекоруваат на музичките подиуми а кои еден ден ќе бидат наша гордост и ќе не претставуваат во светот.