Home » По 10 години режисерот Марјан Неќак се враќа со премиера во театарот во Риека

По 10 години режисерот Марјан Неќак се враќа со премиера во театарот во Риека

by culturalchat

Мјузиклот за сите генерации „La nostra famiglia / Нашето семејство“ ќе биде премиерно прикажан на 5.ноември во Хрватскиот народен театар „Иван ПЛ Зајц“ во Риека, Хрватска.Создаден во копродукција со Италијанската драма со Словенечкиот постојан театар во Трст и Гледалиште Копер – Teatro Capodistria, „Нашето семејство“ го претставува и враќањето на македонскиот композитор и режисер Марјан Неќак во „Зајц“ по повеќе од десет години. Режисерот се враќа во овој театар со  една универзална приказна и желба да одговори на едно едноставно прашање – кој го сочинува нашето семејство? Следејќи како се вкрстуваат судбините на децата сираци и родителите без деца, „Нашето семејство“ ја прикажува приказната за подобар, поправеден свет заснован на искрен, топол човечки допир. Надополнет со незаборавна музика, овој мјузикл е настан за сите генерации. Режисерот истакнува:„Семејството не е само крвно сродство – може да биде секој кој те прифаќа таков каков што си. Тоа се оние кои со своето внимание и грижа ве исполнуваат со љубов, добрина и наклонетост. Се чувствувате како да сте дома. Пријателите се семејство кое самите го избираме“.Зборувајќи за генерацијата Z, мјузиклот зборува за светот и за сите оние кои се чувствуваат сами во желбата да им се покаже дека постои потопол, поправеден свет. Сепак, како што пишува Саша Ержен, секогаш е важно да се запамети дека не сме сами: „Не е лесно да се биде. Добро е што имаме уметност. Театарот повторно и повторно ни открива дека не сме сами. А кога не сме сами, се е барем малку полесно“.За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографијата е на Миа Поповска, видео проекции Марин Лукановиќ, асистент на режија Рената Видиќ. Улогите ги играат: Леонора Суриан Попов, Рок Матек, Даниел Малалан, Пиа Скварча, Елена Брумини, Урша Кавчиќ, Серена Фераиуоло/ Аурора Цимино, Мак Тепшиќ, Блаж Поповски, Андреа Тих, а за кореографијата беше задолжен Клемен Јанежиќ.

 

 

 

Related Articles