Родители, деца, баби, дедовци — време е за театарска магија што се памети. Народен театар Битола Ве поканува на незаборавно патување во светот на Пинокио — дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури. Ова е претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината. Се работи за најновата премиера — претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски, која ќе биде изведена на 28 февруари во 18 часот.
Ова не е обична детска претстава.Ова е експлозија од смеа, музика, боја и магија што ја тресе салата. Ликот на Пинокио го игра Никола Стефанов, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски. Часовници, деца, кукли:– Театарска школа „Бабец“: Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски.
Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски. Тон мајстор Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, суфлер Мирјана Христовска, инспициент Оливер Петровски.
Билетите се достапни на онлајн страната:
https://narodenteatarbitola.com/events/pinokio/
Местата се ограничени — резервирајте навреме. Обезбедете билети додека ги има. Пинокио ве чека — а авантурите не трпат одложување.

