Home » Панел дискусија во Битола „Шо напрајвме, шо треба да напрајме?“

Панел дискусија во Битола „Шо напрајвме, шо треба да напрајме?“

by culturalchat

На 31.05 во киното Манаки КИЦ, ќе се одржи јавна панел дискусија за состојбите со независната музичка сцена во Битола.

Битола со право може да се нарече „ македонски Ливерпул“. Најдобрите бендови, композитори, изведувачи итн.кои се дел од македонската музичка историја и сегашност се од Битола.

Но, за цело време, се провлекуваат истите проблеми, недоречености, иницијативите се раѓаат и гаснат, луѓето се повлекуваат, бендови стигнуваат до некаде и стагнираат. Сето тоа создава многу проблеми, разочараност и се чека „некој друг да ги реши проблемите“.

„Ајде да прајме муабет за тоа, да се „испукаме“ и „исплукаме“, па да видиме „Шо напрајме и шо треба да напрајме“, за да работите се променат на поарно. Затоа ја иницираме оваа панел дискусија за состојбите со независната музичка сцена во Битола, да покажеме дека има критична маса која сака промени“, се вели во официјалното соопштение.

Настанот е поддржан од европската фестивалска мрежа MOST и Creative Europe и ќе биде со почеток од 18.30.

 

 

Related Articles