Во салата на Македонската филхармонија се одржа концертот “Памтим само сретне дане”. На концертот се пееја хитовите на загрепската поп рок школа од 80-тите и 90-тите години во придружба на оркестарот на Филхармонија. Концертот започна со хитот „Чаробно јутро“ на Нина Бадриќ, а заврши со хитот „Македонија“ на Дадо Топиќ, два биса и Калембер во улога на диригент.
Публиката имаше можност да ужива во бесмртните хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Nови Фосили, Сребрена Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи, како и на авторите Зринко Тутиќ, Хусаин Хасанефендиќ-Хус, Рајко. Дујмиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Џони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поинаков аранжман, направени од Јосип Цвитановиќ, Оља Дешиќ и Иван Попескиќ.
Солистите придружувани од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Јосип Цвитановиќ, во една вечер направија едно музичко потсетување на најголемите хитови од 80 тите и 90 тите гододини. Како вокални солисти настапија легендарните Владо Калембер и Јурица Паѓен, Аида Мушановиќ-Аршиќ, Дејан Цукиќ, Агни Афшар, Мартина Мајерле и Макс Хозиќ. Калембер испеа неколку хитови меѓу кои и „Ана, туго мојих дана“, песна од некогашната група „Сребрна крила“. Ја потсети публиката и на местото на своето раѓање- Струмица и истакна дека во Македонија си е дома. На својата врска со Скопје и Македонија потсети и познатиот Јурица Паѓен од групата „Аеродром“. Тој раскажа дека година и половина бил жител на Скопје, односно во македонската метропола служел војска.
Пејачите двапати беа враќани на бис. Сите заедно го пееја големиот хит од репертоарот на Дадо Топиќ „Македонија“, како и хитот од „Нови фосили“, „За добра стара времена“.