Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола на симболичен начин со книга и цвеќе беше одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право.
Во топлината на заедништвото, пред присутните гости, писатели, соработници и колеги, се обрати директорката м-р Емилија Стефановска-Давкова. Нејзините зборови не беа само говор, туку потсетник дека во време на брзина и заборав, книгата останува засолниште, а авторските права — достоинството на творецот. Особена тишина и внимание донесе македонската порака по повод 23 април, напишана од Иван Шопов — како глас што ги поврзува авторот и читателот, како мост меѓу напишаното и почувствуваното.
Настанот беше заокружен со едноставен, но искрен гест — подарување книга и цвеќе.
„Мал знак на благодарност, но и големо „останете со зборот. Благодарност до сите роднокрајни автори, претставници на здруженија и наши верни читатели — затоа што без вас, ниту една приказна не би имала кому да му се раскаже. И посебна благодарност до глумицата Јулијана Мирчевска, чиј глас ѝ даде душа на пораката — глас што не се слуша само, туку се памети“, истакнаа од библиотеката.
