Еден од најталентираните млади музичари на македонската сцена, Никола Зацeски, ќе одржи солистички концерт на 12 септември 2024 година, во Офицерски дом во Битола. Концертот, со наслов „Срцето моето тука чука“, ќе започне во 20:30 часот на платото пред Офицерскиот дом.Никола Зацески е музичар со впечатлив стил и емоција, чија музика ги допира срцата на публиката. Со својот уникатен пристап кон музиката и со посветеност на своето творештво, Никола е веќе препознаен како едно од најталентираните имиња на македонската музичка сцена. На концертот „Срцето моето тука чука“, тој ќе ја претстави својата најнова програма, која вклучува авторски композиции и нови аранжмани на познати песни, сите исполнети со длабока емоција и лична приказна. Најавени се и специјални гости: Никола Мицевски, Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Мите Стоилков, Горан Начевски и Сашо Татарчев. Влезот за концертот е бесплатен. Овој концерт е одлична можност за сите љубители на музиката да уживаат во извонредната изведба на Никола Зацески и да доживеат една незаборавна вечер под отворено небо. Настанот е поддржан од Општина Битола, Министерството за култура и компании кои поддржуваат настани кои се дел од културната програма на градот.