Home » Неколку нови Меморандуми за соработка на НУУБ. „Св. Климент Охридски“ – Битола со културните институции

Неколку нови Меморандуми за соработка на НУУБ. „Св. Климент Охридски“ – Битола со културните институции

by culturalchat

Во изминатиот период, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, потпиша меморандуми за соработка со повеќе национални институции од областа на културата со седиште во Битола:
• НУ Народен театар – Битола
• НУ Центар за култура – Битола
• НУ Камерен оркестар – Битола.
Исто така, беше потпишан Меморандум за соработка и со Државниот архив на Р. Македонија.
Библиотеката ја обнови и долгогодишната соработка со Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола, организација која од самото свое основање е тесно поврзана со Библиотеката, препознавајќи ја како свој дом и место за книжевно творештво, промоција и афирмација на пишаниот збор. Потпишувањето на овие меморандуми претставува потврда за заедничката определба за унапредување на културниот живот, развој на нови проекти и продлабочување на меѓуинституционалната соработка. Ова е уште еден показател дека културните институции во Битола преку секојдневна комуникација, градат современ модел на партнерство, взаемна поддршка и заедничка визија за развој на културата во градот и пошироко.

Related Articles