Home » Награда за КУД. Илинден од Битола на 54.Меѓународен фестивал во Полска

Награда за КУД. Илинден од Битола на 54.Меѓународен фестивал во Полска

by culturalchat

КУД. Илинден Битола, беше награден со „сребрена секира“ на 54. Меѓународен фолклорен фестивал во Закопане, Полска. Во неколку дневната турнеја го презентираa македонскиот фолклор, за што беa соодветно рангирани и оценувани.

„Голема благодарност и на одговорната за фестивалот Хана Рибка и градоначалникот Лезек Дорула на Закопане за големото гостопримство. Исто така голема благодарност и до нашиот пријател кој со текот на годините и соработката, веќе е и член на нашето друштво, господинот Јурек Дјаковски. Нека сребрената секира биде поттик и мотивација за сите членови на друштвото, и што поголема успешност во обврските кои им претстојат. КУД Илинден Битола, горд на своето минато со светла иднина“, ни изјавија од КУД.Илинден.

Неодамна на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ КУД Илинден, доби специјално признание за фестивалска изведба на музичко-сценскиот перформанс „120 години Илинденско востание“.

Изминаа повеќе од 68 години, откако КУД.Илинден започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но Илинден секогаш го чувал највредното, македонската традиција.

КУД.Илинден се амбасадори на македонскиот фолклор и традиција насекаде низ светот, добитници се на престижни награди и признанија, меѓу кои Гран при во Монт Дор Франција, прво место на еден од најреномираните фолклорни фестивали во светот, Велика Британија, како и највисокото признание на Битола-наградата 4 ти ноември и други.

Во далечната 1955 година официјално е земено името Илинден за ова друштво, иако како фолклорна група постои и неколку години пред тоа. КУД Илинден во текот на своето постоење, ги освои сите светски меридијани и светски сцени, пренесувајќи го македонскиот фолклор. Илинден е изворот од кој се пие првата голтка љубов кон народната култура. Секоја година КУД. Илинден бележи од 40 до 100 настапи. Карактеристична е богата колекција на оригинални носии. Ова културно уметничко друштво , над 6 децении ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција, чувар на традицијата и амбасадор на битолската и македонската народна култура ширум светот.

На сцената на фолклорниот фестивал во Закопане, Полска,  гордо се вееше македонското знаме, а спомените од уште еден успешен настап на КУД.Илинден надвор од Македонија, уште долго ќе се паметат и прераскажуваат.

 

 

Related Articles