Македонската режисерка Тамара Котевска доби награда за оставање трајни вредности во документаристиката, на годинешното 14. издание на Меѓународните награди за документрани филмови на турската државна телевизија ТРТ во Истанбул, Турција. Котевска, која има 2 номинации за Оскар за документарецот „Медена земја“, беше и членка на жирито во интернационалната програма, а одржа и мастерклас на тема „Номинација за Оскар и преминување на границите на документаристиката“.
Таа на 1. септември зборуваше на гала настанот „Светла! Камера! Влијание!“ (Lights Camera Impact) на 80. Венециски фестивал фестивал. Котевска говореше и со краток исечок го претстави новиот документарец за глобалната сензација, куклата Амал која патува низ светот и ја подигнува свеста за бегалците.