„ Преку проектот одговоривме на повеќе прашања:” Како ние би се споредувале со ‘пирејот’ ако не беше Андреевски во македонската поезија?”.Прикажавме како се љуби со четка во рака и со едни единствени пораки на кириличното писмо и нашиот македонски јазик.Се поистоветувавме со неговите песни за ,,Дениција’’ и неговата љубов кон неа ,која е безвременска.
,,Кога ја љубев Дениција ,
како да учествував во содавањето
на Првата Македонска Држава’’,
вака го започна разговорот со нас ликовниот педагог од Битола, Дијана Колонџоска Муралот е проект во рамките на конкурсот “Цртај на Македонски јазик” поддржан од Министерството за култура која стои позади уметничкиот мурал посветен на Петре М. Андреевски.
Муралот е проект во рамките на конкурсот “Цртај на Македонски јазик” поддржан од Министерството за култура, а дело кое ја краси источната страна на Домот на културата ,,Илинден’’ – Демир Хисар. Истиот е производ на одличната соработка на професорката Дијана Колонџоска и учениците од СОУ “Крсте Петков Мисирков”, и ќе сведочи за нивната посветеност, трудот и љубовта кон уметноста.
„ Учителот, не би бил учител кога би немал на кого да го пренесе своето знаење, креативност, инспирација и поддршка. Мотивираните ученици зборуваат за сиот труд на учителот. Vita brevis, ars longa! – Животот е краток, уметноста долга“, додава Дијана.
Андреевски кој почина на 25.септември, 2006-та година, создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и македонската критичка свест. Својата вечна преокупација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Романот „Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката „Дениција“ ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам).
Како дојде до идејата за муралот?
Д.К.- Муралот е проект во рамките на конкурсот ,,Цртај на Македонски јазик’’ поддржан од Мистерство за култура.Објавен беше јавно ,можеше да аплицира секој уметник или културна институција и да се изрази во различни ликовни форми.
Во разговор со Директорот на Домот на културата,,Илинден’’ – Демир Хисар, почитуваниот Славче Велјановски и јас како долгогодишен ликовен педагог во СОУ,,Крсте Пeтков Мисирков ‘’ во истата Општина, дојдовме до заедничка идеја ,ликовниот израз да биде претставен во форма на мурал и да биде насликан токму на источната страна на самиот објект.
Зошто токму Петре М. Андреевски?
Д.К.- Во случајот го величаме великанот на македонската поезија Петре.М Андреевски кој потекнува од демирхисарскиот крај ,поточно од с.Слоештица и постхумно библиотеката која функционира во рамките на Домот на културата,,Илинден’’- Демир Хисар е именувана токму по неговото име,или Народна библиотека,,Петре М.Андреевски’’.
Сакам да нагласам дека насловот е инспирација токму од неговата љубов во разни облици,особено кон татковината,македонскиот народ и македонскиот јазик.Неспорно и едногласно го ставивме насловот ,,ТЕ ЉУБАМ НА КИРИЛИЦА’’.
Колку време траеше изработката?
Д.К.- Изработката траеше точно седум денови,со неколку паузи преку еден ден,поради размерите на фасадата(ѕидот).
Кој се беше вклучен во процесот?
Д.К.- Самиот проект нудеше простор за соработка со други културно-образовни институции.Во случајот во пресрет ни излезе Директорот Велјлновски, како што напоменав и погоре, на Домот на културата од оваа Општина,со што ни обезбеди простор каде ние би ја исполниле задачата. Секако и Директорот на СОУ,,Крсте Петков Мисирков ‘’,почитуваната Јасмина Дамчевска, ккоја исто така ни даде поддшката за соработка за реализација на овoј проект,заедно со мене како ликовен педагог во истото училиште и моите талентирани ученички и идни уметнички : Александра Василевска ,Арта Рушановска и Викторија Мијајлевска кои ја следат четврта година, гимназиско образование .
Какви се реакциите сега?
Д.К.- Реакциите можам нескромно да кажам дека се одлични.И на самите минувачи кои го гледаат во живо ,исто и социјалните мрежи допринесоа за публицитетот на муралот.
Што значат ваквите проекти во денешно време за зачувување на нашиот јазик?
Д.К.- Преку проектот одговоривме на повеќе прашања:” Како ние би се споредувале со ‘пирејот’ ако не беше Андреевски во македонската поезија?”.Прикажавме како се љуби со четка во рака и со едни единствени пораки на кириличното писмо и нашиот македонски јазик.Се поистоветувавме со неговите песни за ,,Дениција’’ и неговата љубов кон неа ,која е безвременска.
,,Кога ја љубев Дениција ,
како да учествував во содавањето
на Првата Македонска Држава’’.
Начинот на изразување на љубовта е посебен,лесен за читање, без никакви стереотипи, мислите се слободни ,чисти со голема љубов кон Дениција,за која поетот еподготвен да даде сè за да опстане.Преточувајќи ја таа љубов во родољубно чувство на моменти не сме сигурни што е Дениција : жена или татковина?
Проектот е изработен со голем труд и љубов на која сум многу горда ,,ТЕ ЉУБАМ НА КИРИЛИЦА’’ е метафора каде естетиката и емоциите ќе надвладеат и се надевам дека ви пренесовме како тим дел од нашата љубов и вам драга публико .
Во продолжение и видео од изработката на муралот.