Во рамките на одбележување на 22-ри мај, Светскиот ден на биолошката разновидност, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката Елена Мирчевска од ОЈУ Зоолошка градина – Битола.
Целта на меморандумот е взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност; учество, соработка и реализација на заеднички проекти; одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл., работилници за едукација за грижата за животните; читање на приказни со тема за животни и многу други активности поврзани со читање на книги и животни.
Наскоро следува нова активност – во која сите читатели од Битолската библиотека ќе уживаат со книги во ЗОО Битола.