Home » Македонско грчка изложба во Битолскиот Завод и Музеј

Македонско грчка изложба во Битолскиот Завод и Музеј

by culturalchat

На 12.04 во малата сала на НУ.Завод и Музеј Битола, ќе биде презентирана втората изложба од проектот АртВар, со почеток 20:00 часот. Проектот АртВар претставува меѓугранична соработка помеѓу Р. Грција и Р. Македонија, односно меѓу двете здруженија: Лигистес (здружение на традиционални игри од Лерин) и ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници– Битола), како и учеството на одделот за применета уметност при Универзитетот на Западна Македонија. Основната идеја на овој заеднички проект е да се зајакне уметничката соработка меѓу Р. Грција и Р.Македонија преку истражување и запознавање на орнаментиката  на традиционалните носии низ пределите на Баба планина и нејзиното  претставување преку современа интерпретација. Орнаментика во својата суштинска смисла претставува почеток и опишување на светот.

Планината Баба е природна граница помеѓу базенот Лерин и Преспа и на север таа се простира надвор од нејзините граници, одејќи до рамнината на Пелагонија и Битола. Традиционалната носија е вообичаен феномен што што се проучува во историските димензии на блиската култура каде се родила. Во своите начини на украсување, како на пример техниката на рафисот, се согледува дека во неа се впишани промените од различните временски периоди, заради   што и големата посветеност во истражувањата на типологијата на традиционалните носии. Традиционалната носија не се менува лесно за разлика од денешниот израз кој варира со многу брз ритам, но тоа што е многу значајно е дека секоја нејзина промена мора да биде одобрена од селската заедница. Традициналниот етнолошки код кој освен практичните обреди да го сочува телото од студ и да му дава топлина и слично, претставува пред се паралелен знак-симбол. На овој начин традиционалната носија од различните типови добива и стабилни значења без разлика на возраста на носителот. За оваа  иницијатива се користеше архивски материјал, фотографии, филмски записи, интервјуа итн., и околу 180 народни носии во    сопственост на Грчкото здружение на традиционални танци Лигистес, а консултирана е и збирката на 160 народни носии од етнолошкиот музеј во с. Подмочани во областа Преспа , Македонија, една од најбогатите етнолошки збирки. Севкупниот истражувачки материјал е искористен за создавање на дела во најразлични техники и материјали од страна виузелните уметници.

Досега овој проект се одбележа со тридневна колонија во преспанскиот регион и изложба на делата од учесниците во Лерин, Р. Грција во периодот од 23-30.12.2023 година и беше претставен пред широката јавност како и емитуван на грчката национална телевизија. Изложбата во Битола е продолжение на овој проект кој со голема веројатност ќе биде одбележан со уште една изложба на територијата на Р. Грција до крајот на 2024 година.

Воедно ДЛУБ оваа година го прославува своето 50 годишно постоење, додека грчкото друштво го одбележува своето 30 годишно постоење.

 

Related Articles