Home » Македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец го затвори „Браќа Манаки“

Македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец го затвори „Браќа Манаки“

by culturalchat

По доделувањето на наградите и свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“, следуваше проекцијата на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец.Филмот е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје поради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

„Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Дел од музиката во филмот е на Паркети. Филмот беше прикажан на 30. Сараевски филмски фестивал во амфитеатарот „Опен ер“.

 

Related Articles