Home » Македонската амбасада во Загреб го одбележа Денот на македонскиот јазик

Македонската амбасада во Загреб го одбележа Денот на македонскиот јазик

by culturalchat

Во Амбасадата на Македонија во Загреб со празнична програма се одбележа Денот на македонскиот јазик. Присуствуваа ученици кои во Загреб и Загребската жупанија го изучуваат Македонскиот јазик и култура, и нивните учителки  и родители. Во оваа пригода беше претставена и најновата збирка со песни ,,Дом на срце’’ на Милена Златеска од Пула.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Народна Република Македонија, е усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо врз принципот еден глас – една буква.

Под слоганот „Пишувај кирилица!“ оваа година се одбележа 5. Мај – Денот на македонскиот јазик. По тој повод повеќе институции во Македонија и низ светот, организираа дебати и повеќе културни настани, а во вечерните часови на објекти во неколку градови низ Македонија имаше светлосни и видеопроекции со цитати од македонско творештво, а во организација на Министерството на култура.

 

Related Articles