Во интернационална категорија за краток филм на 8.издание на филмскиот фестивал Балкан панорама, наградата за најдобар филм ја понесе македонскиот „Проблемот на Тина“, во режија на Радован Петровиќ. Во истиот играат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ. Продуцент на филмот е Роберт Насков.
Покрај него македонската актерка Наташа Петровиќ за улогата во филмот „Хомо“ на Игор Иванов, ја понесе улогата за најдобра актерка.
Режисерот Петровиќ беше лично присутен на фестивалот и ја подигна наградата, а во име на актерката Петровиќ наградата ја подигна продуцентот Томи Салковски.
Официјалната награда Жолт чадор, беше доделена во 11 категории.
Фестивалот е во организација на oпштина Буча, поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција и општина Измир, а се одржуваше од 21-27 мaj.