Home » Македонисимо на Трпчески на 26.август во Секирник

Македонисимо на Трпчески на 26.август во Секирник

by culturalchat

По концертите во Литванија и повторно во Германија, Симон Трпчески и „Македонисимо“ ќе одржат концерт на 26 август во село Секирник, Општина Босилово, Струмица, родното место на мајката на Трпчески. Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот „Македонисимо“, соопштуваат организаторите.

-Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја „Македонисимо 2022“, со организациски исклучително предизвикувачкиот концерт во с. Збажди, Струга – родното место на таткото на Симон Трпчески (на 1000 метри надморска височина, на планината Караорман), така оваа година со овој исто така несекојдневен концерт ја стартуваме Балканската турнеја на „Македонисимо“ што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија, велат од „КултурОп“.

„Македонисимо“ претставува спој на македонската народна музика со џезот и класичната музика, сплет од 23 нумери, најмногу ора и по некоја песна. Трпчески го создаде во соработка со композиторот Панде Шахов, а го изведува со Александар Краповски (виолина), Александар Сомов (виолончело), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал) и Влатко Нушев (удиралки).

Овој проект ја имаше својата светска премиера на 18 мај 2017 година, на фестивалот Лудвигсбург, Германија.

Проектот вклучува квинтет, камерен поглед на нашата музика, кој вклучува пијано, виолина, виолончело, кларинет, саксофон, кавал и удиралки. Успешно беше претставен во неколку земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија, Холандија, Обединетото Кралство и Јужна Кореја каде што се емитуваше директно на Јутјуб.

 

Related Articles