Сцената на „Охридско лето“ блескаше во духот на Грција и елеганцијата на врвната класична музика. Германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен приреди вечер полна со внатрешна длабочина, техничка виртуозност и музика што се чувствуваше.
Во волшебната атмосфера на „Св. Софија“, Доркен ја пренесе публиката на патување низ стилови, емоции и времиња – секоја нота раскажуваше сопствена приказна, а нејзината поврзаност со делата што ги изведе беше искрена, силна и инспиративна. Како уметница што настапува на најреномираните светски сцени и соработува со водечки оркестри, Данае Доркен подари не само концерт, туку „одисеја“ низ музиката – интимна, светска и незаборавна.