Home » „КУФЕР.МК“ монодрама на Соња Михајлова со премиера во Битолски театар

„КУФЕР.МК“ монодрама на Соња Михајлова со премиера во Битолски театар

by culturalchat

Во рамките на програмата на Битолскиот театар за одбележување на јубилејот 80 години на оваа институција, премиерно ќе биде изведена претставата ,,КУФЕР.МК“ по идеја и концепт на актерката Соња Михајлова и Благој Мицевски кој беше задолжен и за режијата. Музиката е на Миодраг Неќак, за видеото се погрижи Марјан Георгиевски.Животниот пат на една актерка, жена, од времето на сеќавањата на детството за еден гостувачки циркуз па до времето на Југославија и до ден денес, поставувањето на прашањата:каде бевме и кои бевме, каде сме сега и кои сме, се само мал дел од театарската претстава „Куфер.МК“. Михајлова низ претставата не води низ една лична интимна исповед за дилемите, моралните вредности, погледот на светот, убавите моменти, но и траумите низ кои поминува и со кои се справува една актерка, жена. Премиерата ќе биде на 16.октомври (среда) и реприза 17.октомври (четврток).

 

Related Articles