Home » Креативна работилница по повод 24 мај- Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј

Креативна работилница по повод 24 мај- Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј

by culturalchat

Во НУУБ „ Св. Климент Охридски“-Битола се реализираше креативна работилница по повод 24 мај- Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј.
Во нивна чест твореа учениците од ООУ „д-р Трифун Пановски“-Битола под менторство на наставничката по ликовна уметност Анета Груевска. Пред присутните ученици и идни уметници прекрасна презентација одржа и магистерот по ликовна уметност, конзервација и реставрација Николче Српчански кој накратко преку фотографии го презентираше патот на Светите браќа Кирил и Методиј и развојот на глаголицата.Во нивна чест пред присутните се обрати и директорката на библиотеката м-р Емилија Стефановска-Давкова која го потенцираше значењето од зачувувањето на една азбука и буквите со кои твориме за зачувувањето на идентитетот на една нација. Учениците заедно со наставничките по македонски јазик Светлана Мирчевска и наставничката по географија Моника Атанасов на посебно платно изработија цртежи на кои се овековечија ликот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

Related Articles