Во КИЦ Офицерски дом – Битола се одржа концертното матине организирано од учениците и професорите на Државното музичко училиште.
Настанот беше посветен на 8 Март – Денот на жената, а публиката имаше можност да ужива во музиката изведена од талентираните ученици од основното музичко училиште. Посебна топлина на настанот му дадоа и прекрасните цветни изработки, создадени од вредните рачиња на учениците, под менторство на нивните наставници: Александра Андревска, Денис Алитовски и Јулијана Проја Димовски.
Организација и реализација: Проф. Маја Божиновска, проф. Горан Трајковски.




