Home » Концерт за паметење со Сефедин Бајрамов во Битола

Концерт за паметење со Сефедин Бајрамов во Битола

by culturalchat

Големата сала на Центарот за култура синоќа беше исполнета до последно место за концертот „Прстен за неа“ на Сефедин Бајрамов, во пресрет на празникот на виното и љубовта. Заедно со Камерниот оркестар и гостите Виктор Апостоловски и Ана Петановска, нашиот битолчанец Бајрамов приреди вечер исполнета со љубов, носталгија и безвременски евергрини.
Кулминацијата беше изведбата на „Прстен за неа“, додека светлата од мобилните телефони создадоа вистинско ѕвездено небо во салата. Концертот заврши со „Снагата во Стамбола, душата во Битола“, посветена на Ајри Демировски – емотивно финалe што долго ќе се памети. На сцената се придружи и Билјана Дамјановска, па се создаде една прекрасна атмосфера, а Битола уште еднаш покажа дека знае да ја препознае и награди искрената музичка емоција.Диригент на концертот беше Владимир Димовски, водител Каролина Петковска. Сефедин Бајрамов зад себе има богата музичка кариера, чии почетоци датираат од 1972 година, кога првпат запеал во родниот град. На концертот Бајрамов изведе 16 композиции – дел од неговиот најпознат репертоар, но и песни кои првпат беа изведени концертно.

Фотограф: Диоген Хаџи Коста Милевски

 

Related Articles