Home » Концерт за глас и пијано на Сара Јанева и Иван Трајковски во Битола

Концерт за глас и пијано на Сара Јанева и Иван Трајковски во Битола

by culturalchat

Во рамките на Бит фест, на 28.08 во Офицерскиот дом, со почеток од 20 часот,ќе се одржи Концерт за глас и пијано на Сара Јанева-мецосопран и Иван Трајковски-пијано соработник. Сара Јанева е млад мецосопран родена на 1-ви јануари 2000 година во Струмица, Македонија. Своето музичко патување го започнува на осум годишна возраст посетувајќи часови по пијано. После шест години поминати во изучување на инструментот, таа се запишува во средното музичко училиште ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип на отсек соло пеење во класата на проф. м-р Виолета Арсовска. Од 2018 е студент на Факултетот за музичка уметност. Дипломирала во 2022 година во класата на проф. м-р Весна Ѓиновска-Илкова. Како студент редовно настапува на концертите организирани преку Факултетот за музичка уметност,  Музичка младина на Македонија, Гала концерт „Коста Трпков,  Денови на македонската музика.  Има одржано два солистички концерти во 2022 година од кои еден во Музеј на македонската борба во Скопје заедно со маестро Андреј Наунов како пијано соработник и еден во Уметничката галерија во Струмица заедно со пијанистката Анастасија Гичевска. Освен во својата земја, како соло изведувач Јанева има настапувано и во Србија, Бугарија, Словенија, Австрија, Грција и Швајцарија.  Дел е од концертите посветени на руската романса  познати како Романсијада и фестивалот Балканска романсијада на кој има добиено една втора и една прва награда. Во 2022 како дел од летната академија на маестро Џорџ Пеливаниан, настапува на 11 концертни изведби во 11 различни градови во Словенија. Во 2023 учествува на премиерата на „Барабас“-опера на Андреј Максимов заедно со студентите од Факултетот за уметности во Берн, Швајцарија.

Од 2020 година Јанева е активен член на професионалниот мешан хор Про Арс под раководство на маестро Сашо Татарчевски. Како член на Про Арс учествувала во многубројните сесии во студиото Фејмс и има настапувано со оркестарот на Македонската филхармонија. Покрај своите ментори, учела од некоку македонски оперски изведувачи како Славица Петровска-Галиќ, Милка Ефтимова и Ана Дурловски. Исто така, техничките и изведувачките способности ги подобрувала и со часови кај странски оперски изведувачи како баритонот Орхан Јилдиз, тенорот Јанес Лотрич и сопрано Пиа Бродник. Од септември 2024, таа ќе ги започне своите магистерски студии во Швајцарското оперско студио при Факултетот за уметности во Берн, Швајцарија, во класата на познатиот сопран Малин Хартелиус.Иван Трајковски (1994) е роден во Битола, каде средното музичко училиште го завршува во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева- Белевска. Во 2013 се запишува на Факултетот за музичка уметност- Скопје во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска. Зема учество на семинари кај познати пијанисти. Во текот на своето образование бил учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво, каде остварува високи резултати, а учествува и на значајни концерти каде покрај соло, настапува и во камерни состави. Една од главните награди е и онаа за најуспешен млад музичар на фестивалот на класична музика “Интерфест 2017 ” и многу други. М-р Иван Трајковски магистрира музичка интерпретација и композиција на Отсекот за пијано при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Учествува на значајни концерти каде што настапува солистички и во камерни состави на Факултетот за музичка уметност во Скопје и во Македонската филхармонија. Трајковски е вработен сум во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” Во Скопје како професор по пијано, исто така професор сум исто во приватното школо Пијано форте и корепетитор на ФМУ Скопје. Паралелно подготвува  концерти со колеги од Македонска филхармонија и Македонската опера и балет во различни состави, дуа триа, проекти поддржани од Министерството за култура.

Неодамна одржа концерти во Приштина и Ѓаковица, заедно со виолончелистката Поема Диласи.

На програмата во Битола се дела од Г.Ф.Хендл, В.А.Моцарт, Ј.Штраус II, К.Сен-Санс, Ж.Бизе, А.Дворжак, А.Рубинштајн, А.Бабаџанијан, Т.Прокопиев, А.Џамбазов.

 

 

Related Articles