Home » „Концерт за 30 прсти“ викендов во Битола

„Концерт за 30 прсти“ викендов во Битола

by culturalchat

„Концерт за 30 прсти“ е насловот на настанот кој ќе се одржи на 18.05 во Културно информативниот центар, Офицерскиот дом во Битола. Пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски и Весна Ангелова Христов, ќе изведат дела од композиторите Дачи, Шмиц, Рамазанов, Рајх/Боукоувалас, и од македонската композиторка Бете Илин.

„Шест раце, 30 прститројца уметници или три сплотени души во создавање на единствен уметнички чин, е вистинска инспирација и можност за размислување колку и како може да се користи инструментот создаден пред векови, и да му се даде нов здив, нова форма, нова визура, и со тоа една сосема поинаква звучност. Вршкова, Ангелова Христов, Макариевски се трио фантастико во позитивна смисла на зборот затоа што нудат таква посветеност и ведрина, таков ентузијазам и креативност, таков елан и возбуда, што навистина можете само да им се воодушевувате и на крајот да аплаудирате силно додека не ве здоболат рацете“, напиша музикологот Тина Иванова.Марија Вршкова е од Битола, дипломирала на ФМУ во Скопје со највисока оценка на универзитет „cum lauda“ во класата на проф. Т. Светиев, каде и ги завршува магистерските студии по пијано. Добитник е на повеќе награди во поранешна Југославија, а најзначајна и е нагрдата Трети ноември на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Реализирала преку 50 светки премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски туку и од странски автори. Настапувала во голем број земји, а е дел од меѓународни музички манифестации. Моментно работи како вонреден професор на ФМУ Скопје.

Концертот е со почеток од 20 часот.

 

Related Articles