Во Палатата на културата Офицерскиот дом, се одржа концертот на битолскиот музички симбол, ансамблот кој веќе 75 г. е синоним за музичка и духовна култура на градот, расадник на музички таленти и чувар на традицијата, гордоста на Битола, КУД” Стив Наумов”.
После подолга пауза, поради пандемијата, на сцената се врати мешаниот хор при КУД “Стив Наумов”, кој изведуваше македонски световни и духовни теми и одбрани композиции од светски автори.
Со хорот сега работи проф. диригент Лилјана Трајковска Димевски, која несебично ја пренесува целата љубов и познавање на хорската уметност.
Публиката уживаше во изведбите на хорот, а секако најголемата енергија се чувствуваше кај хористите кои многу го сакаат хорското пеење.
Водена од нивната енергија, желба и пред се голема љубов кон пеењето, диригентката успешно ја заврши својата мисија, ги постави во правите рамки на хорското пеење и заедно го дадоа најдоброто од себе на концертот.
Хорот продолжува со активности и во наредниот период, освежени и со голем елан продолжуваат да освојуваат сцени, во земјата и странство.
Концертот беше дел од летната културна понуда поддржана од Општина Битола.