По премиерата во Битола, филмот „М“ на Вардан Тозија имаша италијанска премиeра на филмскиот фестивал во Трст. Макеонскиот филм беше прикажан на фестивалот Trieste Science+Fiction Festival.
Филмот е работен по сценарио на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и режисерот Тозија, а работен е со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург, со мнозинска македонска продукција.
Фестивалот во Трст се одржуваше од 27. октомври до 1. ноември, а го организира Центарот за кинематографско и аудиовизуелно истражување и експериментирање La Cappella Underground, кој ги носи најдобрите продукции од жанрот фантазија на големо платно. Годинава имаше над 50 светски, меѓународни и национални филмски премиери во три натпреварувачки програми во присуство на режисери, актери и автори од целиот свет.
Во дистописката приказна на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила улогите ги толуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски. Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes“.
Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар. Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови, еден од нив беше токму „М“. Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Овој филм е добитник на главната награда на Works in Progress (Филмови во изработка) во рамките на Интернационалниот филмски фестивал во Пула, Хрватска.
Трејлерот од филмот на следниот линк: