Home » Изложбата „Опера Драма Балет“ на Благој Мицевски на 2.11 во Битола

Изложбата „Опера Драма Балет“ на Благој Мицевски на 2.11 во Битола

by culturalchat

На 2.Ноември во Офицерскиот дом во Битола, со почеток од 19 часот,  ќе биде презентирана изложбата на костими „Опера Драма Балет“ на реномираниот костимограф Благој Мицевски. Тој има препознатлив визуелен печат, чија матична куќа е Битолскиот народен театар, а чии уметнички костимографски решенија, повеќе од 30  години се дел од големи театарски претстави, опери, балет, танцов театар, претстави на врвни режисерски имиња во Европа и пошироко. Од сцените во Љубљана, Белград, Сараево, Нови Сад, Братислава и многу други, до нашите македонски сцени, секогаш финалниот резултат е нешто што не се заборава, костими кои им даваат на претставите своевидна препознатливост.

Мицевски е роден 1968 та во Битола. Од 1993 до денес е постојан член на ансамблот на НУ.Народен театар Битола. Изложбата „Опера Драма Балет“ се фокусира на проекти реализирани во последната декада со автори кои најмногу влијаеле и ја одбележале неговата работа во тој период, меѓу кои: Диего Де Бреа, Џон Блондејл,  Рисима Рисимкин и други. За својата работа, Благој Мицевски има добиено повеќе награди.

Мицевски 6 години беше уметнички директор на Битолскиот театар, период во кој театарот забележува голем меѓународен подем. Тој е и идеен творец на „Битола Шекспир фестивалот“, за кој беше селектор во првите 5 изданија, период во кој фестивалот стана член на Европската асоцијација на Шекспир фестивали. Има режирано 15 претстави, кои гостувале на фестивали во земјава и странство и биле наградувани. Беше костимограф и во два филмови, а учествувал и на повеќе изложби.

 

 

 

 

Related Articles