По повод 90 годишното постоење на Планинарско Спортскиот клуб „Пелистер“ Битола, ќе биде организирана пригодна програма која започнува денес со почеток од 19 часот, во Свечената сала на КИЦ – Офицерски дом, со отворањето на фото изложбата на планинарот и фотограф Сашо Ставрев „Со душа за Пелистер“.
Програмата продолжува на 11 декември (четврток), од 19.00 ч. во Народниот театар Битола со презентација на д-р. Сашко Кедев „14 x 8.000 метри“. На 14 декември (недела) во соработка со ФПСМ и ЈУНП Пелистер ќе се одржи планинарската пешачка тура од с. Цапари до Инфо-центар на НП Пелистер, „Денот на планината“. Челниците на клубот ќе доделат благодарници и пофалници на неколку институции кои допринеле за развојот и опстанокот на ПСК „Пелистер“.

