Во изложбениот салон на ДЛУБ, денес со почеток од 19.30, ќе биде презентирана изложбата на Владимир Лазоски.
Тој е роден во Охрид во 1946 година. Завршува средно уметничко училиште и дипломира на Педагошкиот факултет во Скопје. Работниот век го поминува предавајќи во повеќе училишта во Скопје. Член е на ДЛУМ, претседател на Детскиот ликовен центар – Скопје и претседател на Градското здружение на ликовни педагози. Тој е организатор и учесник на повеќе ликовни колонии во Струга, Љубанци, Св. Пантелејмон и др. Пред јавноста се претставува со неколку самостојни и многубројни групни изложби. Во периодот од 1986 до 2023 година неговото ликовно творештво е одбележано со разни циклуси – „Сонување“, „Скопска чаршија“, „Порти“, „ Будење“, „Размисли“, „Грации“, „Арлекин“… На изложбата ќе бидат претставени дела од овие различни временски циклуси.