Home » Изведена „Фолклорно-класичната симбиоза“ на Танец и МОБ

Изведена „Фолклорно-класичната симбиоза“ на Танец и МОБ

by culturalchat

Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на Националните установи Македонската опера и балет и ансмблот за народни игри и ора „Танец“ се одржа на сцената на НОБ на која имаше повеќе од 130 учесници во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец.

Концертот се одвиваше под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапи оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ „Танец“, заедно со оркестарот и хорот на НУ. Македонска опера и балет.

Фолклорно-класична симбиоза беше замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски, истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец. Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, добија уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.

 

Related Articles