Овој петок (13.12), со почеток во 20:00 часот, во Социјалниот Центар Дуња во Скопје, со заеднички концерт на импровизирана музика ќе настапат Амплидајн Ефект (Amplidyne Effect) на електроника и Мартин Џорлев на гитара.
Амплидајн Ефект, проект на Мартин Георгиевски, е активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика со сесии од импровизирана музика. Од тогаш, има издадено бројни изданија а настапувал на повеќе регионални и меѓународни фестивали како Похода во Словачка, Десонанз, ПНЕМ Саунд Арт Фестивал во Холандија, Скопскиот џез фестивал итн. Мартин Џорлев е широко препознаен по својот значаен придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку успехот на инди-рок/пост-панк бендот Луфтханса. Неговата кариера започна како дел од различни музички состави и проекти, како што се Зулу 3.4, Луфтханза, Стој, После!, кои оставија белег на македонскиот креативен пејзаж.
🎟 Влез: препорачана донација за артистите.
Не пропуштајте уникатно музичко доживување!