Со крајот на месец март 2023 година, завршија и активностите во рамките на проектот „Активно учество во поттикнување на дигиталната писменост кај младите од ранливи категории“.
Општата цел на проектот беше развој на дигиталната писменост преку развивање на дигиталните вештини кај младите од ранливи категории, додека специфичните цели се однесуваа на:
- Развој дигитални вештини за користење на електронски уреди и бесплатни технологии;
- Стекнување на знаења за употреба на електронски образовни содржини и образовни аплицкации,
- Поттикнување на младите од ранливи категории да истражуваат, самопрофилирајќи ја професионалната иднина.
Проектните активности беа во форма на консултативно-партиципативен процес со што се спроведе: теренско истражување, креирање и функционирање на меѓусекторска работна група, работилници и консултативни форуми, обука за развој на дигитални вештини за млади Роми, изработка на стратешки документ за усвојување од страна на локалната самоуправа.
Во активностите беа вклучени 25 млади Роми и не-Роми од 13-30 години.
Како резултат од активностите на проектот:
- се зајакна соработката меѓу засегнатите страни во функција на подигнување на свеста за значењето на дигиталната писменост кај младите од ранливи категории;
- се трансферираа знаења од областа на дигиталната писменост;
- се обучија младите од ранливи категории за користење на ИКТ технологии и содржини.
Овој проект отвори и перспектива за развивање проект за соработка и партнерства со други држави за да се поттикне и развие дигиталната писменост кај младите од ранливи категории и да се прошири влијанието на регионално, национално или европско ниво.
Проектот го финансираше Националната агенција за европски програми и мобилност на Република Македонија преку Еразмус + програмата на Европската унија.