Home » „Животинска фарма“ – нова претстава во Прилепскиот театар

„Животинска фарма“ – нова претстава во Прилепскиот театар

by culturalchat

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, започнаа пробите за најновата претстаа „Животинска фарма“ според Џорџ Орвел, а во режија на Ќендрим Ријани.
Драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Папучевска, музиката е наТоме Темелкоски.
Играат: Игор Трпчески, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески.
Се работи за една од најпознатите сатирични басни што некогаш била напишана. Бајка за возрасни, за револуцијата против тиранијата и за тоталитарните режими. Една фарма е под окупација на преуморни и малтретирани животни. Со жесток идеализам и со разгорувачки пароли, животните тргнуваат во бунт со идеја да создадат напредок, правда и еднаквост. Смелата борба иницирана од животните ја претвора фармата во целосно демократско општество изградено врз идејата дека сите животни се создадени еднакви. Но дали е сѐ токму така? На крајот, сепак бунтот пропаѓа, а фармата завршува во уште полоша состојба од претходно.Во оваа генијална алегорија, Џорџ Орвел прикажува како секоја револуција, без разлика колку е искрена, може да заврши во нов облик на угнетување. Кога животните на фармата ќе се ослободат од својот господар, тие создаваат нов систем заснован на еднаквост – но идеалите брзо се искривуваат, а моќта почнува да прави свои правила. „Животинска фарма“ не е само приказна за минатото – тоа е предупредување за иднината.

Related Articles