Home » Доделени наградите за краток расказ од Организацијата на жени Битола

Доделени наградите за краток расказ од Организацијата на жени Битола

by culturalchat

По повод Осми март – Меѓународниот ден на жената, Организацијата на жени на Општина Битола, во Битолската библиотека ги додели наградите за краток расказ на конкурсот кој оваа година беше на тема „ И цвеќе и шлаканица “. Настанот го отвори поетесата Белинда. Потоа беа доделени наградите на најдобрите во две категории.

Тричлената комисија во состав: Илче Стојановски – претседател, Светлана Папачек од Организација на жени од Битола-членка, Маргарита Kочанковска Папачек – Професор по Македонски јазик и книжевност , членка, ја донесе следната одлука: Категорија ученици 3 награда –Нина Велиновска – Ресен, 2 награда -Сања Костадиновска – Битола, 1 награда Миа Димевска – Битола.Категорија возрасни: 3 награда Наташа Брезовска – Богоевска – Велес, 2 награда Емилија Карафилоска – Охрид, 1 награда –Весна Апостоловски – Битола. На останатите учесници им беа доделени благодарници. Конкурсот беше отворен од 25 Јануари до 25 Февруари . Во рамките на настанот беше поставена изложба на слики на Тања Илиева во техника акрил на платно и на камен, на тема „Жена“. Илиева на наградените автори им подари слики.

 

Related Articles