Љубиша Милошевски или како што битолчани го познаваат како ди-џеј Љубиша, ја промовираше песната, ремикс на легендарната македонска “Македонско девојче“, која ја испеа легендата, битолчанецот Јонче Христовски.
За овој ремикс ди-џеј Љубиша ни рече: „Емоциите и жарот со кои доајенот на македонската музика, нашиот сограѓанин, Јонче Христовски, ја испеа песната “Македонско девојче“ во 1964 година и денес живеат и го направија бессмртен.Тоа беше мојот мотив да ја продуцирам песната. Исто така мотив плус беше, мојот стремеж да ја негуваме и да не ја забораваме македонската музика, која треба да живее вечно. И секако најсилниот мотив беше убавината и судбината на македонското девојче, која е предмет на сите уметности, од исконски времиња до денес“.
Песната може да ја слушнете на следниот линк: