На покана на пратеникот Армин Хоџиќ, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска заедно со претставници на македонското национално малцинство на локално и државно ниво и наставнички по македонски јазик присуствуваше на работна средба во хрватското Собрание.
Директорката на македонскиот КИЦ ја истакна исклучително одличната соработка на полето на културата, особено во контекст на промоцијата и афирмацијата на македонските и хрватските културни вредности . Таа нагласи дека културната дипломатија претставува значаен мост на поврзување меѓу двете пријателски земји, придонесувајќи за продлабочување на меѓусебната доверба, разбирање и почитување. Воедно беше потенцирано дека одличните билатерални односи меѓу двете земји се темелат на континуирана институционална поддршка, активна соработка во областа на културата, образованието и заштитата на правата на малцинствата, како и на заедничката заложба за унапредување на европските вредности. Средбата претставува уште еден чекор кон зацврстување на партнерството и понатамошно интензивирање на културната и општествената соработка меѓу двете држави.

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб на работна средба во хрватското Собрание
previous post

