Home » Димитар Андоновски и Александар Тарабунов ја промовираа „Ќе преживеам“

Димитар Андоновски и Александар Тарабунов ја промовираа „Ќе преживеам“

by culturalchat

„Ќе преживеам“ е насловот на новата, дуетска песна на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски. Станува збор за брза песна која претендира да стане вистински летен хит. Дуетот доаѓа како резултат на долгогодишна соработка и пријателство и всушност значи остварување на нивните дамнешни планови, но е и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа.

„Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш ти се допаѓа значи дека е добро, е нам песнава ни се допаѓа“, рече Александар. Видеото за песната е снимено во режија на Владислав Гавриловски, а кадрите се снимени во Демир Капија. Костимите се на Андреј Папаз, кореографија Илија Карадаковски.

Дека оваа соработка и даденото ветување дека музичката приказна нема да заврши тука доволно зборува и создавањето на 77 ентертејмент, нова продукција која под својата капа ќе стави низа домашни изведувачи кои ќе добијат третман каков што доликува. Димитар и Александар најавија и серија настапи ширум земјава.

„Мора да се работи и мора да се избориме за македонската музика. Мораме и да вложуваме и повеќе да ја цениме, затоа што тоа сме ние“, едногласни се момците.

 

Related Articles