На 35.издание на Фестивалот на унгарски театри кој се одржува во Кишварди, претставата на Новосадскиот театар Újvidéki, „Ричард трети“ во режија на Дејан Пројковски доби две награди и тоа : Гран при, најдобра претстава во целина и наградата за најдобра машка улога која му беше доделена на актерот Арпад Месарош за толкувањето на ликот на Ричард.
Наградите ги доделува Министерството за култура и иновации на Унгарија. Жирито во своето образложение истакна: „ Актерската екипа ја гради играта околу насловниот лик во изедначен стил и со колективна енергија. Визуелниот свет и музиката создаваат впечаток за епоха што ја ослободува целата човечка невоздржаност.
За наградата за животно дело на Министерството за култура и иновации одлучуваше тричлено жири во состав: Бела Нјако, Тибор Балог и Андраш Патаки.Оваа награда беше доделена на актерот и режисер Јохан Вишер и актерката Анамарија Билуска.
Во останатите улоги во претставата „Ричард трети“ се појавуваат: Габриела Црнковиќ, Ливиа Банка, Атила Немет и други.Тука е и Олга Панго, која беше задолжена за сценското движење во претставата. Сценографијата е на Валентин и Сергеј Светозареви, а музиката на Горан Трајкоски.
„Ричард Трети“ секогаш поставува големо прашање за политичките системи и државните системи. Денес ја отвора и темата што е тоа демократија и дали тоа е најдобриот систем што можевме да го замислиме или е најдобар затоа што не можевме да измислиме подобар или посовршен.
Пројковски, кој е еден од најуспешните режисери во регионот, ја потпишува режијата и на претставите „Ана Карењина“во Нови Сад, „Дервишот и смртта“ во Бања Лука, „Браќа Карамазови“ во Софија, „Орестија“ во Сплит, „Ромео и Јулија“ во Истанбул, „Опасни врски“ во Санкт Петербург, „Инферно“ во Велешки театар и други.
Претставата „Ричард трети“претходно ја доби наградата за најдобра театарска режија – за цела театарска сезона во Србија, според Belgrade Edt Culture, блог за култура, беше апсолутен победник на театарскиот фестивал во Младеновац, и ги доби наградите за најдобра претстава и од жирито и од публиката.
„Ричард трети“ беше изведена и во Печ во рамките на 10.издание на Светската театарска олимпијада која оваа година се одржуваше во Унгарија.Спонзори на фестивалот во Кишварди беа Министерството за култура и иновации, Националниот културен фонд, општина Кишварди, 10-тата театарска олимпијада и програмата Дерине.Во 2024 година, 36. Фестивал на унгарски театри ќе се одржи од 24-ти до 30-ти јуни.