Како дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, на Платото пред Офицерскиот дом, бројната публика, поранешни фанови на „FUDGE“, имаа ретка можност да се забавуваат со омилениот бенд од младоста. Со овој настап, бендот кој ја пишуваше поновата битолска и македонска рок историја, одбележа 25 години.
Како предгрупа на „FUDGE“, задоволството да биде уште поголемо, се погрижија “Sound Waves”. Групата Fudge е основана во 1994. Членови на истата се добро познати реномирани музичари кои сега се дел од други групи и тоа: Михајло Трајковски, Марјан Павловски, Даниел Митревски, Сашо Поповски, Кристијан Магденовски, Драган Атлагиќ.
Оваа група негува хард метал стил и имаат реализирано неколку студиски песни, настапувале на голем број фестивали, самостојни концерти, биле дел од македонската турнеја на Рибља Чорба во 1999 година и имале настапи и надвор од нашата држава.
Како најголем успех може да се истакне победата на Скопскиот рок фест во 1996 година кога ја освоија првата награда од сручното жири.
Погледнете дел од настапот на групата во Битола преку видеото на Агим Џело.