Home » Во Битола ќе биде претставена изложбата „Кимоно инспирации” на авторот Благој Мицевски

Во Битола ќе биде претставена изложбата „Кимоно инспирации” на авторот Благој Мицевски

by culturalchat

На 21.03 со почеток од 19 часот, во Центарот за култура Битола, Долното фоаје , ќе биде отворена изложбата „Кимоно инспирации” на авторот Благој Мицевски. На истата ќе биде прикажана инсталација на петнаесет новосоздадени кимона од авторот.30 годишната кариера како театарски уметник, на Мицевски му даде можност неговата воодушевеност од јапонската култура да ја изрази во нејзините разнообразни форми и содржини, тргнувајќи од традиционалните јапонски обичаи, преку јапонската поезија, романи, графики, па се до филмовите и театарот.Уште од студентските денови тој интерес за јапонскиот културен мозаик му стана инспирација за неговите костимографии и театарски претстави. Покрај претставата според делото на познатиот автор Мишима, кимоното било составен дел од неговите костимографски решенија во многу други претстави.

„Неговата едноставна форма и крој нудат бескрајно многу можности за негова реинтерпретација во најразлични материјали, бои и форми“, вели Мицевски и додава:

„Тука станува збор за односот кон традицијата воопшто, нејзините трајни вредности и постојаната инспирација за создавање нова современа уметност“.Изложбата има за цел, покрај личната опседнатост и инспирација на Мицевски, со кимоното како употреблив објект, да покаже како тоа во сооднос со други јапонски иснпирации може да создаде нови уметнички дела. На изложбата ќе бидат претставени кимона и 15 фотографии, поставени во просторот во таква констелација, што ќе им дозволи на посетителите на настанот да се движат меѓу нив, овозможувајќи им на тој начин одблиску да ја почувствуваат убавината на овие префинети дела на уметноста.

 

Related Articles