Како дел од Еразмус + проектот „Еко-пријателска мобилност“ се одржа Фестивалот за еко-мобилност.Ученици и родители од завршните одделенија од основните училишта „Ѓорѓи Сугарев“, „Даме Груев“ и „Трифун Пановски“ – Битола возеа велосипеди од спортската сала „Боро Чурлевски“ до Зоолошката градина. Потоа вотаму низ игра и песна се прослави Светскиот ден на животната средина, 5-ти јуни, со цел да се промовира концептот на еко-пријателска мобилност преку пригодна програма подготвена од учениците и наставниците.
На настанот беа присутни и родители кои го искажаа своето задоволство од целиот проект.
На крајот од настанот м-р Бојан Стефановски, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – им ги додели наградите на најдобрите учесници на изложбата која беше дел од проектот, а воедно се доделија и благодарници на сите учесници.
Наградени ученици
1 награда:Леона Лазаревска, Филип Макаријоски, Мартин Кочанковски, Јована Радевска.
2 награда: Андреј Бошевски, Христина Ивановска, Анифе Џеловска.
3 награда:Мила Дрогишка, Јана Велевска, Томислав Атанасовски, Давид Атанасовски.
Менторите: Наташа Настевска, Гордана Јанкуловска, Катерина Солаковска, Наташа Тодоровска.
Настанот беше поддржан од Зоолошката градина – Битола, Ротари Клуб „Широк Сокак“ – Битола, здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“. Проектот е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку Еразмус + програмата на Европската унија.