Home » Вечер на Охридско лето: Литванска вечер со пијано дуо и уметничка изложба

Вечер на Охридско лето: Литванска вечер со пијано дуо и уметничка изложба

by culturalchat

Пијанистите Соната Девеикуте-Зубовиене и Рокас Зубовас започнуваат да настапуваат заедно во 1997 година. Обајцата се победници на меѓународни натпревари, а се образуваат на Литванската музичка академија, како и во Швајцарија (Институт „Хајнрих Нојхаус“, Цирих), и во САД (Универзитет „Де Пол“, Чикаго) каде студираат под менторство на Повилас Стравинскас, Јургис Крнавичиус, Естер Јелин, Андриус Купервичиус, Едвард Ауер и Дмитри Паперно.

Дуото Зубовас има остварено настапи во „Палатата на нациите“ во Женева, во Кралската палата во Варшава, како и на меѓународни фестивали во Литванија, Норвешка, Франција, Италија, Германија, Холандија, Украина, на турнеја во Јужна Америка (Аргентина и Уругвај), во САД и Канада и низ Европа. Покрај стандардниот репертоар за две пијана, особен интерес на дуото се делата за четирирачно пијано оригинално напишани од Моцарт, Бетовен, Шуберт, Шуман, Брамс, Регер, Дебиси, Равел, Форе, Рахмањинов, Кориглиано и други, како и транскрипции за пијано на симфониските опуси, како на пример „Посветување на пролетта“ од Стравински, Бранденбуршките концерти на Бах,  „Шпанската рапсодија“ на Равел, „Пролет“ и „Море“ од  Дебиси,   како и гудачкиот квартет од Чурилионис и неговата симфониска поема „Во шумата“, дела од Гершвин и др.  Дуото настапува со симфониски оркестри во Литванија и надвор од неа, а досега им се посветени бројни дела од литванските композитори. Вечер ќе биде презентирана и изложбата Репродукции на слики од Микалојус Контантинас Чиурлионис.

Related Articles