Во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, со наслов „На Паниѓир“, концерт ќе одржи КУД „Илинден “Битола, на платото на Офицерскиот дом со почеток од 21 часот.
На репертоарот се ора и песни од Јужномакедонската Етнографска целина – Јужно Игроорно Подрачје.
КУД “Илинден” денес е еден одводечките фолклорни ансамбливо нашата држава.Во своето долгогодишно постоење е континуирано учесник на Меѓународни Фолклорни Фестивали, а исто така остварува гостувања на сите континенти, каде ги има презентирано Македонскиот фолклор и традиција со голем успех, што резултира со освојување на бројни награди и признанија. КУД „Илинден“ денес е ансамбл горд на своето минато, со светла иднина.