Вечерва од 21:00 часот, во Офицерскиот Дом, во рамките на програмата на Битолското културно лето, ќе прозвучи една убава “Класична бајка“ со Кристијан Антовски. Бајковитата музичка приказна ќе биде раскажана од оперскиот уметник Антовски преку неговата претпознатлива вокална драматика во гласот, заедно со пијанистката Елена Силјановска која ќе го придружува со своите раскошни ноти на пијаното кои секогаш ги носи на еден посебен и специфичен начин. Оваа класична бајка ќе биде спој на повеќе епохи и изведба на композиции напишани од најголемите класични композитори од целиот свет, така и од Македонија, како Ш.Гуно, П.И.Чајковски, Г.Ф.Хендл, С. Христиќ, Т. Прокопиев и други.