По повод Денот на ослободувањето на Битола, 4. Ноември , Општина Битола организира повеќе настани. Па така програмата започна со положување на цвеќе на плоштадот Гоце Делчев,
крводарителската акција наменета за вработените во Општина Битола во соработка со општинската организација на Црвениот Крст Битола, прием на делегации од збратимените градови во кабинетот на градоначалникот. Вечер со почеток од 19 часот, ќе се одржи централната манифестација во Центарот за култура, Свечената Академија на доделување на наградите „4 Ноември“.
Највисокото општинско признание, наградата за животно дело што ја доделува Општина Битола, годинава ќе му биде врачена на доајенот на Народниот театар од Битола, актерот Борис Чоревски.
Од 20:30 часот, во Офицерскиот Дом ќе биде презентирана изложбата „Битола – слободна“ на Државниот архив – Одделение Битола.