Home » Вечер во Битола: Легендарниот Раде Шербеџија

Вечер во Битола: Легендарниот Раде Шербеџија

by culturalchat

Денес со почеток од 20 часот, во Центарот за култура – Битола, битолската публика ќе има можност да присуствува на концертот на Раде Шербеџија и бендот „Западни колодвор“. Уметник чие творештво одамна ја надминува формата на концерт и влегува во простор на живо раскажување, поезија и сценска необичност.Раде Шербеџија не е гостин во Битола. Тој е дел од нејзината филмска меморија. За време на подготовките и снимањето на филмовите “Пред дождот” и “Ослободувањето на Скопје”, како и холивудскиот трилер “Миротворец”, делумно снимани во Битола, Шербеџија извесен период престојувал и живеел во градот. Во тие години, Битола за него не била само филмска локација, туку и секојдневна база.

Шербеџија е актер со кариера што се движи од авторскиот европски филм до Холивуд.

Во текот на кариерата соработувал со режисери како Стенли Кјубрик, Гај Ричи, Анг Ли, Кристофер Нолан, Ридли Скот, Кенет Брана, со актерите-режисери Анџелина Џоли и Клинт Иствуд, како и со водечки автори од регионот меѓу кои Милчо Манчевски, Дарко Митревски, Иво Трајков, Емир Кустурица и Горан Марковиќ. Концертот што следи не е носталгичен омаж, туку актуелна, жива вечер, во која музиката и стихот се заедно и долго ќе се паметат.

 

Related Articles